Рубрика: Информатика
Наскоро на Амазон ќе може да купите и автомобил
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.11.2023 - 17:15

Амазон ќе почне да продава автомобили, а моделите од Хјундаи е првите што ќе се најдат во понудата. Компанијата Амазон најави дека продажбата на автомобили на својата онлајн платформа за купување ќе започне од 2024 година.

Почнувајќи од следната година, американската компанија ќе им дозволи на клиентите да купат нов автомобил преку Интернет, а потоа да го подигнат автомобилот кај локалниот застапник.

Онлајн купувачите ќе можат да пребаруваат и да изберат достапни возила во нивната географска област и да ја завршат трансакцијата преку платформата Амазон со избирање на претпочитаниот начин на плаќање.

Возилата од јужнокорејската компанија Хјундаи се први на листата на автомобили што ќе бидат достапни за купување, се вели во соопштението на компанијата.

Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси изјави дека на овој начин соработката со Хјундаи“ќе влијае на „леснотијата со која клиентите ќе можат да купуваат возила преку Интернет“.

Инаку, како дел од стратешкото партнерство меѓу двете компании, Хјундаи ќе го интегрира гласовниот асистент Alexa на Amazon во своите возила од 2025 година.

Клучни зборови: