Марио Ермосо нема да го продолжи договорот со Атлетико и на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч.
Италијанските медиуми тврдат дека Ермосо од наредната сезона ќе го носи дресот на Интер. Доколку се случи тоа уште еднаш ќе се потврди дека спортскиот директор Бепе Марота е мајстор на својот занает.
Марота за наредната сезона веќе ги договори Пјотр Желињски и Мехди Тареми. Полјакот и Иранецот исто без обесштетување ќе се преселат во Интер, од Наполи и Порто.
Медиумите во Италија пишуваат дека Ермосо во Интер ќе има годишна плата од 5 милиони евра.
Шпанскиот дефанзивец во 2019 година се пресели во Атлетико од Еспањол за 25 милиони евра.