Лаеше....

19.01.2024 23:27

Лаеше, и лаеше, и лаеше пес.

И не бидна ништо.

Само ноќта потемна стана.

Седам во мрак.

Не слушам шум, не слушам

Глас.

А сè ми се чини дека дома имам

Гостин,

Што го гледа само тој пес.

Превод: П. В.

Ќамил Сијариќ (Ćamil Sijarić, 1913 – 1989) е еден од најзначајните бошњачки и црногорски писатели. Писателот Зувдија Хоџиќ за него рекол дека имал неверојатна дарба за усно раскажување и дека прво усно ја раскажувал секоја своја приказна, а дури потоа ја запишувал.
Неговите дела се преведени на албански, бугарски, естонски, англиски, француски, германски, унгарски, турски, полски и руски јазик.
Бил редовен член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина (АНУБиХ) и на Црногорската академија на науките и уметностите (CANU).

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото