20 Мај, 2024
0.0290

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Очекуваа повеќе пратеници, но среќата не им беше сосема наклонета и поради математиките на сегашниот изборен модел. Сепак, на пресконференцијата по завршувањето на изборите и пребројувањето на гласовите, беа и тоа како задоволни од освоените шест пратенички места во законодавниот дом. Рекоа дека секој нивни пратеник вреди колку десет на другите партии и најавија жестока битка во Парламентот во интерес на правата и благосостојбата на граѓаните. Или, вистински пекол за секој обид за нивно загрозување. И, најавија уште подобар скор за претстојните локални избори. 

Тие се главно млади и авангардни луѓе, а многумина кои повеќе немаат доверба во двете поларизирани партии, решија да ја заокружат бројката со нивните имиња на гласачкото ливче. Кои се шестемина пратеници на Левица, кои дефинитивно ќе направат Собранието да биде поинтересно отколку претходно.

Димитар Апасиев и е веќе добро познат на јавноста. Роден е во 1983 година. Тој е лидер на Левица од 2018 година, а и досегашен пратеник, кој беше носител во Изборна единица еден. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет при УКИМ. Потоа ја завршил и Докторската школа, стекнувајќи се со титулата доктор на правни науки од областа на Римското право. За време на студиите, негова страст била јавното говорење и ораторството, поради што активно учествувал на студентските ораторски вечери. Студентските години ги наведува како време на неговото политичко освестување и почеток на делувањето како активист за социјална правда. Избран е во звање вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип каде сè уште предава (про – боно). 

„Потекнувам од работничко-земјоделско семејство. Како дете на стечајци, на свој грб ја почувствував социјалната неправда во времето на транзицијата. Иако бев првенец на генерација, понекогаш се случуваше да немав пари да отидам до Скопје да полагам испит. Во даден момент, на конец висеше и мојот упис на факултет. Тоа беше мојот прелом. Во такви моменти, живеејќи ја судбината на многумина интелигентни, но сиромашни млади луѓе, сфаќаш дека системот е трул и никому не му е гајле. Никој нема да те спаси! Созреваш побрзо со сознанието дека мора самиот да се избориш за правото на достоен живот. Од класното освестување и борбата против структурното насилство, постана каузата во која верувам и за која се борам. Левичарската идеологија е единствената која нуди излез од капиталистичкото ропство и апатијата во која нè втурнаа“, пишува тој за неговиот мотив да влезе во политиката.

Од Единицата доаѓа уште еден пратеник од Левица. Реџеп Исмаил Хактан, е роден во 1988 година во Скопје. Магистер по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Долгогодишен активист и основач на ДСП „Ленка“. Живее и работи во Скопје. Од 2021 година е избран за советник во Советот на Град Скопје. Од 2024 година е избран за потпретседател на Партијата.

„Во поглед на работното искуство, како типичен член на работничка фамилија кој растел и се оформил во транзицијата, имам работено најразлични работи, од келнер по кафулиња низ скопската чаршија, па сѐ до обичен наемен работник на градилиште или во складилиште. Освен ваквите неформални работни искуства, искусив и како е да се работи во странство, односно во Германија и САД, каде престојував преку студентските програми. Решив да не останам во туѓина како многу мои другари и врсници кои не се вратија. Одлучив дека сакам да живеам меѓу луѓето кои отсекогаш ги познавам и ми се блиски на срце“, пишува тој за својот животен пат.

Од втората изборна единица пратеник стана Амар Мециновиќ, член на Президиум и потпарол на Левица. Роден е во 1996 година. Политиколог и активист за социјална правда. Член на Президум на Левица како највисоко раководно тело и портпарол, одговорен за комуникација со јавноста преку медиумите. Од почетокот на 2022 година – избран претставник на народот како член на Советот на Град Скопје. 

Дел сум од генерацијата која нема избор, освен да стане политички активна. Видовме како нашите родители, баби и дедовци беа прелажани и изгубија сè. Израснавме прилагодувајќи се на сè помалку и на сè полошо од година во година. Затекнати сме во општество на кое му беше растурено заедништвото на сметка на индивидуализмот и конзумеризмот, со цел да нè разделат и да профитираат од нашите животи“, вели, меѓу другото, за својот мотив за влегување во политиката.

Борислав Крмов, кого исто така добро го познаваме како и досегашен пратеник на Левица, е роден во 1981 година во Штип. Беше носител на листа во третата изборна единица. По вокација, историчар на уметност и активист за социјална правда. Уште од детството пројавувал интерес за општествените науки, особено за историјата и историските процеси, воден од внатрешно чувство за правда и бескомпромисност во делувањето. Тоа нужно доведе до интерес за политиката и како наука. 

„Како многумина мои соборци, пораснав во просечна работничка фамилија, со татко градежен работник и мајка – учителка во градинка. Почитта кон социјалистичкото уредување ми беше пренесена од семејството, затоа што во рамки на тоа уредување, работникот имаше пристоен живот во средено општество. Како што одминуваше времето, го сведочевме исчезнувањето на тој систем, заедно со сите корисности од истиот“, наведува како дел од мотивот да влезе во политиката.

Сашко Јанчев ќе биде нов пратеник на Левица од четврта изборна единица. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на Катедрата по кривично право. Средношколските и студентските денови ги поминал работејќи земјоделие, а повремено и како сезонски работник во локалните гевгелиски фабрики. Работел во Транзитниот центар„Винојуг”, основач е и на хуманитарно здружение. Советник во Советот на Општина Гевгелија. Дел од основачите на Левица и член на Партијата од основањето до денес.

Македонија долго време е во состојба на пропаѓање. Со децении сведочиме како транзициски моќниципаразитираат на општествениот имот, на грбот на работниот народ и како се издигнуваат како нови лажни идоли над младите поколенија“, вели за својот мотив.

И, од петката доаѓа Јована Мојсоска. Родена е 1992 година во Струга. Дипломирана на Факултет за безбедност и финансиска контрола, а почетоците на политичко делување и беа изразени преку активистичко вклучување како дел од мрежа на организации за решавање на проблемот со бездомни животни. Понатаму, бев дел од студентски движења за подобрување на стандардот на студентите. 

Мојата водилка во политичкото делување е дека не смее политиката, како клучен дел од организирањето на јавниот живот, да биде оставена во рацете на корумпираните, медиокритетите и алчните. Ако ние не се занимаваме со политика, тоа не значи дека и политиката не се занимава со нас“, вели за мотивот да влезе во политиката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат