Мразот во Србија значително го оштети овошките

Расцветани овошки/ Фото: Pexels

Мразот и снегот во голема мера го оштетија овошјето во некои региони на Србија, така што прогнозата за рекордна година нема да се оствари, изјави Зоран Кесеровиќ, професор на Земјоделскиот факултет во Нови Сад. Тој за Бета, рече дека температурата деновиве во некои делови од земјава паднала и до минус пет-шест Целзиусови степени.

Најоштетено овошје има во Шумадија и западна Србија, околу 30 отсто, а тоа се регионите каде се произведува околу 40 отсто од вкупниот овошен род“, рече Кесеровиќ. Додаде дека многу настрадале и овошјето околу Суботица и црешите во Мерошина, а најдобро „поминала“ регионот на Фрушка Гора.

Кесеровиќ рече дека најмногу настрадало плодот што рано процвета и дека е интересно што во изминатите години најмногу беа погодени кајсиите што рано цветаа, а годинава повеќе беа оштетени кајсиите што цветаат подоцна.

Мразот најмногу ги оштети сливите, црешите, црешите и крушите, а снегот ги скрши младите ластарчиња малини. Тој оцени дека е уништен родот од 230.000 до 250.000 тони и дека доколку нема нови временски проблеми, годинашниот род би можел да биде на ниво од ланскиот просек од околу 1.250.000 тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот