Рама во дводневна посета на Франција

12.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама во дводневна посета на Франција

Посетата на Рама на Франција, како што најавија од неговиот кабинет, е со цел на промоција на потенцијалот и позитивната клима во Албанија за странските инвестиции, како и билатерална соработка во сферата на технологијата и иновациите.

Предвидено е Рама и Макрон да потпишат неколку меѓувладини договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји.

Во делегацијата предводена од Рама се министерката за образование и спорт Огерта Манастирлиу, министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро, министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџе, министерот за локална самоуправа Арбјан Мазнику, како и министерката за јавна администрација и антикорупција Адеа Пирдени. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата