Македонија

Во Македонија лани продадени недвижности за над милијарда евра

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

14 март 2025, 06:00

Лани биле продадени 500 стана повеќе отколку во 2023 година

Вредноста на продадените станови е за 60 милиони евра поголема од 2023 година

Во јануари 2025 година се издадени 23,8 отсто повеќе одобренија за градба од истиот месец лани

Во Македонија лани продадени недвижности за над милијарда евра

Новата зграда со социјални станови што државата ја изгради во Кочани. Фото: АДИССДП

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Во секторот недвижности лани за првпат се свртеле над милијарда евра. Податоците од Агенцијата за катастар за 2024 година покажуваат дека биле извршени вкупно 22.548 трансакции, а нивната вредност изнесува 1.006.685.832 евра.

Близу половина од вредноста на купопродажбите или над 490 милиони евра отпаѓа на становите, а во текот на 2024 година биле купени 8.018 стана. Во однос на 2023 година биле продадени 500 стана повеќе, но нивната вредност била поголема за 60 милиони евра.

Во податоците што „Блумберг Адрија“ ги побара од катастарот нема детали за тоа во кои општини се продавале најскапите станови, ниту пак е наведена просечната цена на квадратен метар во земјава. Ваквите податоци порано се објавуваа во рамките регистарот за цени и закупи, кој не е ажуриран од третиот квартал во 2020 година. Сегашното раководство на катастарот не ги знае причините зошто процесот прекинал, но вели дека ќе го врати во живот од следниот месец.

„Во моментов активно се работи на повторно воспоставување на процесот и подготвување на деталните квартални извештаи од Регистарот на цени и закупнини и во текот на април ќе биде објавен деталниот квартален извештај за првиот квартал од 2025 година“, ни одговорија од катастарот.

Колку повеќе расте цената, толку повеќе се купува

Трендот на раст на цените на недвижностите во земјава почна да забрзува во 2021 година. Рекордните нивоа беа достигнати во текот на инфлациската 2022 година. Во 2023 година пазарот се стабилизира, а на крајот на 2024 година Народната банка повторно измери двоцифрен квартален раст на цените на недвижностите.

Податоците на катастарот покажуваат дека токму во екот на најсилниот раст на цените лани имало најмногу купопродажби. Во ноември биле продадени 872 стана, најмалку продажби имало во јуни – само 504.

Вредноста на купопродажбите покажува дека просечно лани во бизнисот со становите се вртеле над 40 милиони евра месечно. Најмногу биле потрошени во ноември, над 58 милиони евра.

Цените растат затоа што...

Според Агенцијата за катастар, ниските каматни стапки во претходниот период се главната причина за раст на цените на недвижностите затоа што задолжувањето станало попристапно и поголем број граѓани можеле да се задолжат за да купат стан.

И инфлацијата ги зголеми цените затоа што ги зголеми цените на градежните материјали и на работната рака. Се зголеми и куповната моќ на населението, а и развојот на инфраструктурата влијае на растот на цените во поголемите градови.

„Сѐ повеќе луѓе се селат од рурални региони во градовите, барајќи подобри услови за живот и работа. Тоа ја зголемува побарувачката за станови во градовите, особено во главниот град Скопје, што доведува до зголемување на цените“, велат од катастарот за „Блумберг Адрија“.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Трендот продолжува

Цените на становите ќе продолжат да растат затоа што сите предуслови што го диктираа поскапувањето сè уште важат. Деновиве статистиката покажа и дека интересот за градење расте. Имено, во јануари годинава се издадени 317 одобренија за градба, што е за 23,8 отсто повеќе од јануари 2024 година. Вредноста на објектите за кои се издадени одобренијата е поголема за 28,2 отсто во однос на лани.

„Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 стана, со вкупна корисна површина од 60.471 м2“, констатира Државниот завод за статистика.

Најголем дел од овие станови ќе се гради во Скопје, во општините Гази Баба и Илинден.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Станови од 3.000 евра квадрат одат како алва уште неизградени
Македонија

Станови од 3.000 евра квадрат одат како алва уште неизградени

И покрај тоа што цената за квадратен метар достигна и до 3.000 евра во центарот на Скопје, становите што се градат во моментов таму се продаваат многу брзо, велат инвеститорите.

пред 20 часа

Автор: Игор Петровски

сите новости од рубриката Економија
Регистрирајте се и отклучете 5 статии!

*Започнете го денот со дневниот билтен и најважните деловни вести

Регистрирај се