Свет

Италија: „Дешпар“ инвестира 100 милиони евра во проширување на продажната мрежа

29 апр 2024

За минатата година, конзорциумот „Дешпар“ – Италија, пријавил пораст на приходите од 5,6% на 4,4 милијарди евра.

Од остварениот приход, 35% биле остварени од „Деспар“ супермаркетите, додека   од продавниците „Еурошпар“ биле остварени 38% од вкупниот приход, што е најголем пораст (+ 6,7%). Продавниците „Интершпар“ ги оствариле останатите 27% од приходите.

 Во тој период, конзорциумот отворил 56 нови продавници, проширувајќи ја својата мрежа на 1.424 продавници.

За оваа година, „Дешпар“ – Италија најави инвестиција вредна 100 милиони евра, со која се планира да се отворат 35 нови продавници и да се реновираат 33 продавници.

 Покрај тоа, конзорциумот за оваа година планира на ланисира и над 200 нови производи.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Дешпар“ - Италија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...