Аргентина и без Лионел Меси убедлива

23.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина и без Лионел Меси убедлива

Фудбалската репрезентација на Аргентина продолжи да постигнува добри резултати и во најдобро можно светло ќе ја пречека Копа Америка каде ќе ја брани титулата во јуни и јули.

Актуелниот шампион на светот и Јужна Америка го совлада Салвадор во пријателски натпревар со резултат 3:0.

Дуелот се одигра на неутрален терен во Филаделфија, Лионел Меси не настапи, но тоа не ги спречи „гаучосите“ да забележат сигурен триумф со силен тим.

Во 16. минута Ди Марија нафрли од корнер, а Ромеро постигна гол со глава, а Енцо Фернандез во 42. минута зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Селсо во 52. минута, по одличната тимска акција и асистенција на Мартинез.

Аргентина ќе се соочи со Костарика на 27 март во Лос Анџелес.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата