Случај „Софтвери“: Рашковски со кривични пријави за јавен обвинител и стручен соработник во ОЈО

Обвинителката која го води предметот „Софтвери“ ја излажа и се уште ја лаже македонската јавност, тврдат обвинетите во случајот, поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ од која владата ги набави спорните софтвери за мерење брзина на возилата Даниел Станчев.

Тие преку соопштение  информираа дека е поднесена кривична пријава против обвинителката Ивана Трајчевска која го води предметот и против стручен соработник во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради неизвршување на своите работни задачи, сокривање и монтирање на кривично правни предмети, со цел создавање погрешна перцепција во јавноста.