logo
logo
logo

Русија ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Vecer | 26.03.2023

Русија ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

 Путин додаде и дека Русија гради складиште во Белорусија, но официјален Кремљ нема д аја префрли контролата на оружјето на властите во Минск.

-Лукашенко го покрена тоа прашање за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Лукашенко е во право, тој вели, ние сме ваши најблиски сојузници. Зошто американците поставуваат нуклеарно оружје кај своите сојузници, на нивна територија, обучуваат екипажи и пилоти како да го користат тоа оружје доколку е потребно. - Владимир Путин – Претседател на Русија

Министерството за одбрана на САД пак, соопшти дека е запознаено со најавата на Путин и дека ја следи ситуацијата. Од Вашингтон велат дека не гледаат никаква непосредна причина за прилагодување на својот нуклеарен став, ниту пак гледаат индиции дека Русија се подготвува да користи такво оружје. Најавата на Путин наиде и на критики од официјален Берлин од каде оценија дека станува збор за дополнителен обид за нуклеарно заплашување. Украинските власти пак, со порака дека Кремљ ја држи Белорусија во нуклеарно заложништво. Украинскиот Претседател Зеленски упати и порака дека земјата, чекор по чекор, прави се возможно за да се справи со руската агресија.

-Чекор по чекор, правиме се што е возможно и насекаде, за рускиот реваншизам да го загуби секој елемент од својата агресија врз Украина, и слободата на нациите вооопшто. Русија мора да загуби на бојното поле, во економијата и меѓународните односи, и во нејзините обиди да ја замени историската вистина со империјални митови. - Володимир Зеленски – Претседател на Украина

Во меѓувреме, продолжуваат борбите на истокот во Украина, а најжестоко и натаму продолжува да биде во околината на Бахмут, каде според последните проценки и двете страни се соочуваат со катастрофални загуби на луѓе и опрема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk