ПМФЛ: Вардар реди порази, пресврти на Шкупи и Силекс

Фото: ФК Вардар

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ.

Екипата на Шкупи со голем пресврт и гол во седмата минута од судиското продолжение успеа да слави над Тивкеш со 3:2 и така ја задржа лидерската позиција.

Чаирскиот тим се намачи да дојде до трите бода бидејќи гостите од Кавадарци прикажаа одлична игра и направија пресврт, но на крајот сепак попуштија. Херој на чаирскиот тим беше Дуду кој го постигна голот во продолжението. Претходно Аворно во 86. минута изедначи на 2:2. Воша во 39. минута стрелаше за водсво на Шкупи, а Тиквеш до 2:1 дојде со двата гола на Спахиу во 53. и 82. минута.

Со пресврт и тоа од 0:2 до 3:2 денес победи и Силекс против актуелниот шампион Струга Триум. Шкендија во својот натпревар денеска лесно го совлада Гостивар со 4:1 и така го искористи киксот на Струга, а ќе тетовчани ќе беа најголеми победници во 29. коло ако „кикснеше“ и Шкупи против Тиквеш.

Вардар влезе во црна серија и го претрпе својот трет пораз во низа. Денеска Брера беше подобра од црвено-црните со 0:2, а двата гола за струмичкиот тим беа дело на екс-вардаровиот играч Матеј Цветановски.

Во последниот натпревар Работнички и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1:1.

ТАБЕЛА: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот