ВИДЕОАНКЕТА | Што би смениле во државата доколку би биле политичар?

Видеоанкета/ Фото: Слободен печат

На шест дена пред изборите „Слободен печат“ ги праша граѓаните што би направиле доколку се политичари и што би смениле во државата? Одговорите најразлични, младите бараат подобри услови за живот, повеќе пари во образованието, подобри услови за живеење.

– Луѓето немаат пари за да живеат во државата, а ние се фокусираме на некои работи кои се навистина безначајни-вели студент.

Негов колега вели дека треба да има повеќе работни места тука, барем за младите.

– Да им се користи талентот бидејќи многу талентирани млади си одат надвор од Македонија-вели тој.

Скопјанец објаснува дека треба повеќе вложување во образованието, бидејќи младите се многу важни. Студентка не е задоволна од начинот на кои ни се рапосредени финансиите.

– Конкретно би сакала да го сменам менталитетот, начинот на коишто ние мислиме, дека нашата држава е катастрофална, дека никогаш нешто не може да се смени-вели таа.

Друга вели дека би им дала повеќе шанси на младите наместо цело време на пензионерите.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот