Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Зборовите се многу важни: тие може да покажат љубов или омраза.

Дополнително, тонот на гласот на лицето што ги кажува зборовите може да укаже и на хармонија или непријателство.

Затоа, за да ги подобриме нашите комуникациски вештини, постојат одредени фрази кои треба почесто да ги кажуваме на нашите партнери.

Советничката и адвокатка Лори Израел откри четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат за да ја подобрат својата врска.

1. „Ти благодарам“

Ова изгледа толку лесно и едноставно. Сепак, не го кажуваме доволно. Дозволуваме нашите зафатени животи да ни попречат да ја одржиме нашата врска силна, занемарувајќи ги најважните зборови што можеме да ги кажеме за нашите партнери да се чувствуваат ценети.

Треба почесто да кажуваме „благодарам“ и со многу почит, бидејќи нашите партнери прават толку многу за што треба да им се заблагодариме.

2. „Дали сакаш да ти помогнам?“

Оваа фраза никогаш не може да се каже доволно, тврди Израел. Иако можеби мислиме дека на нашиот партнер не му треба помош, веројатно ќе се изненадиме кога ќе слушнеме: „Да, би го ценел/а тоа“.

„Романтичните врски напредуваат на ‘придонес’. Помагањето на вашиот партнер е придонес што можете да го дадете. Само поставувањето на прашањето, без оглед на одговорот, е да покажете дека сакате да придонесете“, вели советникот.

3. „Што сакаш да правиш?“

„Изгледа дека кога врската повеќе не е нова, ние тежнееме да ги промовираме нашите сопствени желби над нашите партнери. Размислете за тоа. Дали некогаш сте биле виновни за ваквото однесување? Сите сме биле. Затоа, секогаш кога имате можност, кажете му ја оваа фраза на вашиот партнер“, советува Израел.

4. „Да, драга/драги“

Израел вели дека кога нашиот партнер ќе ни каже нешто, ние го започнуваме одговорот со: „Да, драга“. Меѓутоа, ако го користиме, треба многу да внимаваме да не го кажеме саркастично.

„Ако го кажете тоа искрено, тоа е форма на вербална наклонетост, суптилен начин да се каже: ‘Те сакам’. Ако си ‘драг/а’, некому, вие сте сакани. ‘Душо’ е уште еден од тие љубовни катализатори“, заклучи советникот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе