Славјанка Петровски го доби Ковачки на суд за клевета и се откажа од паричната надомест

Фото: Слободен печат/ колаж

Министерката за одбрана Славјанка Петровска го доби на суд пратеникот Драган Ковачки, оти не било точно дека таа поседувала хациенда со базен во Радишани. Судот досудил и да и се исплатата 610.000 денари, надомест од кој Петровска се откажала.

– Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: “Пари од нечесник не сакам” и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од паричниот надомест
Фото: Фејсбук/Славјанка Петровска

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот