[ФОТО] Најсексапилната жена на светот има над 90 килограми, а во бикини е вистинска атракција: „Ти си неверојатна“

Точка

29/04/2024

15:56

9.076

Големина на фонт

а а а

Плус сајз манекенката и една од најсексапилните жени на светот, Ешли Грaхам, неодаманa објавила неколку атрактивни фотографии на Инстаграм.

Како што може да се види, таа со задоволство ги покажува своите облини во едноделно бикини, а со тие фотографии веруваме дека израдувала многу од фановите на социјалните мрежи.

„Ти си неверојатна“, „Прекрасна“, „Секојпат кога ќе ја погледнам Ешли се шокирам од нејзината убавина. Ваква убавина никогаш досега не сум видела“, биле само дел од коментарите.

Да ве потсетиме, Ешли во 2023 година била прогласена за најсексапилна жена на светот, според изборот на машкиот магазин „Максим“.


„Ешли е кралица на облините, таа е свеж воздух во модната индустрија. Таа не само што е модел туку е и целосен пакет. Ешли нѐ потсетува дека тајната не е само во прифаќањето на своите облини туку и во прифаќањето себеси такви какви што сте“, изјавил претставник на магазинот.

Веднаш зад неа се нашле Марго Роби, Ана де Армас, Самара Вивинг, Сабрина Карпентер и други дами.




Спонзорирани линкови

Маркетинг