10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате

Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот режисер Андреј Тарковски, се филмови кои ќе ве натераат да размислувате за нивното дејство, и тоа неколку дена откако ќе ги изгледате.

10-zapletkani-filmovi-koi-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-01.jpg

Ако сакате филмови со заплеткани приказни кои треба да се изгледаат и по неколкупату за да ги сфатите, тогаш сигурно сте ги погледнале оние најпопуларните.

Но, освен Shutter Island, Inception, па и Memento, постојат и други кои ќе ви го држат вниманието до самиот крај.

10 заплеткани филмови кои сигурно ќе ви се допаднат:

Everything Everywhere All at Once

Everything Everywhere All at Once е можеби најнеобичниот филм кој освоил Оскар за најдобар филм.

Главниот лик е жена од Кина која со семејството живее во САД.

Сосема случајно, таа се вплеткува во бизарна авантура каде мора да се соочи со различни верзии од себе од разни универзуми и, на крај, да го спаси мултиверзумот.

Enemy

Помалку познат филм на режисерот Денис Вилнев кој е одговорен за одличната екранизација на Dune.

Главниот лик е професор кој сфаќа дека филмски актер изгледа потполно исто како него.

Тој почнува да го следи и постепено го презема неговиот идентитет.

Solaris

Снимен според истоимената книга на Станислав Лем, Solaris е навистина необичен научно-фантастичен филм.

Главната улога му припаѓа на Џорџ Клуни кој глуми психолог кој е испратен на вселенска станица која ја орбитира мистериозната планета Соларис.

Неговата задача е да истражи зошто луѓето од сеќавањата на екипажот оживуваат, односно се појавуваат во станицата како реални личности.

Stalker

Ако немате навика да гледате странски филмови, можеби ремек-делото на рускиот режисер Андреј Тарковски ќе ве натера да почнете.

Дејството се фокусира на чудна област позната како „Зона“ која е забранета, но се верува дека може да ги исполни желбите на секој кој ќе отиде таму.

Еден маж им помага на група луѓе да влезат во „Зоната“ и да си ги исполнат желбите.

Blade Runner

Во режија на Ридли Скот и со Харисон Форд во главната улога, Blade Runner е еден од култните научно фантастични филмови.

Главниот лик е поранешен полицаец кој има задача да уништи група насилни роботи. Но, постепено почнува да се сомнева во својот идентитет.

Исто добро е и новото продолжение од филмот – Blade Runner 2049 – со Рајан Гослинг во главната улога.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg