Битиќи ќе поднесе нова претставка до Комисијата за заштита од конкуренција

Битиќи ќе поднесе нова претставка до Комисијата за заштита од конкуренција ако се утврди дека има картелско здружување кај трговците.

Вицепремиерот за економски прашања Фамир Битиќи денеска најави дека ќе поднесе нова претставка до Комисијата за заштита од конкуренција доколку се утврди дека има картелски здружувања меѓу трговците по укинувањето на мерката за гарантирани цени на прехранбените производи.

Битиќи ги покани медиумите во сабота заеднички да посетат шест различни маркети со цел да се види дали има зголемување на цените кај прехранбените производи.

– Ве поканувам во сабота да ме придружите, ќе одиме во шест различни маркети со различни брендови да ги видиме цените на еден до два производа и ако има навистина зголемување, во понеделник ќе отидеме во Комисијата за заштита од конкуренција да поднесеме претставка, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на Меморандумот за соработка со ЏЕТРО.

Од извештаите од Пазарниот инспекторат, како што рече, досега нема индиции дека има договорено зголемување на цените.

- Сакаме да видиме дали има индиции за договорено зголемување на цени. Ако има зголемување само во одреден маркет, тоа може да е од икс причини, односно може да биде местото на добавувачите или од каде што го земаат, да имаат повисоки цени, но ако се случи кај сите истовремено за ист производ, тогаш може да има индиции за договорено зголемување на цени. Такви индиции досега од извештаите што ги читаме од ДПИ, не добиваме, истакна Битиќи.

Од 1 март се укина мерката за гарантирани цени на одредени прехранбените производи како лебот, млекото, јогуртот, тестенините, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото бидејќи со Законот за нефер трговски практики се очекува повеќе да нема картелско здружување и енормно зголемување на цените на производите. Законот е се уште во собраниска процедура и денеска треба да помине во Законодавно-правната комисија по што треба да се најде на пленарна седница.

Кучиња до смрт изгризале мајка со 3 деца, братчето е повредено додека ја спасувал сестра си

Мајка од Џорџија загинала од глутница кучиња кои ги нападнале неа и нејзините три деца во близина на училиште, неколку дена пред Денот на мајката.

Кучињата го нападнале семејството во четвртокот додека мајката чекала со своите деца на автобуска постојка зад училиште во Китман, соопштија властите.

Кортни Вилијамс (35) била пронајдена мртва во блискиот двор.

„Кога полицајците пристигнаа, наидоа на неколку агресивни кучиња“, изјавија официјални лица.

Нејзините деца биле пренесени во болница со повреди, а нејзиниот син се здобил со неколку исеченици од борбата со кучињата во обид да го спаси животот на својата помала сестра, велат од семејството.

„Кајден ја турна сестра си и ја спаси, но кучињата тргнаа по него“, рекла нивната тетка Кристал Кокс.

Таа сподели неколку вознемирувачки слики од болницата на кои се гледа како момчето страда од неколку длабоки рани на рацете, нозете и главата.

Другиот син истрчал во училиштето додека кучињата го напаѓале неговото семејство и налетал на маж, кој успеал да го спаси од животните и да ги однесе во болница.

Сите три деца сега се опоравуваат дома, пренесува The New York Post.

Се уште не е познато каков тип на кучиња го нападнале семејството, но соседите велат дека долго време се жалат и бараат контрола на животните во областа.

Наредена е обдукција за официјално да се утврди причината за смртта на жената.

Две жени се убиени во парк во САД, покрај нив имало дете во крв, а бебето исчезнало

Две жени се убиени во парк во Ново Мексико, детето на едната е пронајдено облеано во крв, додека 10-месечно бебе исчезнало.

Жените, двете од Тексико, Ново Мексико, биле пронајдени мртви во парк северно од Кловис во петокот попладне.

Полицијата одговорила на повикот и ги известила итните служби за загинатите жени во паркот.

Полицајците ги пронашле Саманта Сиснерос (23) и Тарин Ален (23) мртви на земја во близина на сиво комбе.

Полицаецот Тревор Трон изјавил дека полицијата не знае што довело до нивната смрт.

„Знаеме дека требаше да бидат во Волмарт, од она што го кажаа членовите на семејството и да продадат кученца. Имаа пет кученца во нивното возило. Сите мислеа дека се во Волмарт со кученцата. Не сме сигурни дали биле во Волмарт, а потоа отишле во парк, не знаеме“, рече тој.

Во близина е пронајдено повредено дете, ќерка на една од жртвите. Таа била пронајдена со повреда на главата и била пренесена во болница, пренесува Мирор.

Полицајците нашле докази дека со нив било уште едно дете.

Во возилото пронашле седиште за бебе, количка и мало шише. Поради ова, се стравува дека со нив имало и бебе кое можеби е киднапирано, поради што е започната потрага.

Саманта била мајка на девојчето кое е пронајдено со повреда на главата и уште едно дете, 10-месечната Марија Торес. Полицијата смета дека луѓето кои ги убиле жените најверојатно го киднапирале бебето.

Полицијата бара да се јават сите со какви било информации за злосторството или за исчезнатото бебе.

Ердоган кон Нетанјаху: И Хитлер би бил љубоморен на неговите геноцидни методи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху достигнал ниво со геноцидни методи со кои што дури и Хитлер би го направил љубоморен.

„Дали е можно да се набљудува она што Израел го прави со луѓето во Газа со месеци и да се види дека е легитимно Израел да бомбардира болници, да убива деца, да ги угнетува цивилите и да ги осудува невините луѓе на глад, жед и недостаток на лекови под различни изговори. Што правеше Хитлер во минатото тој ги угнетуваше и убиваше луѓето во концентрационите логори“, рече Ердоган во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Се прашуваше дали Газа не била претворена во затвор на отворено, не само по 7 октомври, туку и со години пред тоа?

„Зарем луѓето таму со години не беа осудени на ограничени ресурси, речиси како во концентрационен логор? Кој е одговорен за најбруталните и систематски масовни убиства во Газа по 7 октомври?

Според Ердоган, Нетанјаху достигнал ниво што би го направило Хитлер љубоморен на неговите геноцидни методи, пренесе Анадолија.

„Зборуваме за тоа Израел да ги таргетира амбулантите, да ги погоди местата за дистрибуција на храна и да отвори оган врз конвоите со хуманитарна помош“, рече Ердоган.

Претседателот на Турција рече дека се прекршени правата и слободите на жителите на Газа, особено нивното право на живот.

„Ние ги браниме нивните права. Ние го браниме мирот. Израел, од друга страна, продолжува несовесно да ги крши резолуциите на ОН, меѓународното право и човековите права“, нагласи турскиот претседател.

Ердоган рече дека палестинскиот отпор нема да биде неопходен доколку постои „суверена, независна, географски интегрирана држава Палестина, во границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим“.

„Хамас, исто така, најави дека ако тоа се случи, ќе го распушти своето вооружено крило и ќе продолжи да дејствува како политичка партија. Решението за две држави е ефикасен начин да се обезбеди траен и одржлив мир“, рече Ердоган, додавајќи дека палестинската група се согласила на договор за прекин на огнот, но Израел „не сака“ примирје бидејќи сака да ја „окупира цела Газа“.

притисни ентер