ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Лажно тврделе дека непрописно паркираното возило во Дебар Маало е службено

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 23:20
Полицијата поведе дисциплинска постапка против двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека непрописно паркираното возило пред угостителски објект во скопско Дебар Маало е службено.
Од Министерството за внатрешни работи(МВР) дадоа објаснување за снимката која излезе во јавност.
„По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по наредба за вршење дејност за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на улица ‘Орце Николов’, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото ‘порше каен’“, информираат од МВР.
Полицаецот С.Н. се упатил на локацијата во придружба на пајак-возило и двајца вработени во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта на Општина Центар. Таму го затекнале непрописно паркираното возило и групата револтирани граѓани кои барале автомобилот да биде отстранет оттаму. Тогаш од угостителски објект во близина излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници, тврдејќи дека возилото е службено.
„Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на пајак-возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено. Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП за јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото“, додаваат од Министерството.
Таму друг полицаец направил записник за сторен сообраќаен прекршок и издал платен налог во кој како сторител на прекршокот е наведен С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото, пак, е извесен М.Т. (48) од Скопје.
„Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило ‘форд мондео’ се упатиле кон депото. Полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди извршиле проверки за возилото ‘форд мондео’ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ“, додаваат од МВР.
За полицајците е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина.
Можеби ќе ве интересира
Полиција трага по исчезнат пензиониран планинар во Велес

„Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“: Александар Ѓорчевски денеска одговараше на прашања на судијата

АНБ СО ОГЛАС БАРА ОСУМ КАДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - ова е прв пат од основањето, еве ги деталите

СДСМ: Уште нема ниту еден осомничен од МВР за трагедијата во Кочани

Мицкоски и владина делегација ќе се сретнат со владетелите на Дубаи и Абу Даби

„САМО 30 ОТСТО ПАРИЧНА КАЗНА ЗА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ“: Мојсоска по одлуката на Судскиот совет - 'иако утврди дека го овозможил бегството на Рамадани'

ПРИЈАТНИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ, НО И МОЖНОСТИ ЗА ДОЖД - еве какво време најавуваат синоптичарите за оваа скратена работна недела

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

КУЌЕН ПРИТВОР, ПРИТВОР, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Судот во Кочани добил барања за 18 лица
