Многу љубители на тенисот предвидуваа дека токму оваа година може да дојде до промена на врвот на АТП и да го официјализира доаѓањето на новата генерација на чело со Јаник Синер и Карлос Алкараз. Шпанецот многу се мачи, а повеќето фанови на „белиот спорт“ беа изненадени од неговото повлекување од турнирот во Монте Карло, односно од елиминацијата во четвртфиналето од Мадрид. Сега се чини дека сме пред ново разочарување.

Имено, како што пренесува италијанска „Газета“, Јаник Синер својот настап на Ролан Гарос го означил како „многу неизвесен“. Потсетуваме, поради повреда тој беше принуден да се повлече од турнирот во Рим, а се чини дека сличен расплет може да видиме и во Париз.

-Некои повреди може да се спречат, други не. Во Монте Карло телото ми беше малку уморно. Сепак, би сакал да можам да ги играм сите турнири. Мислам дека можам само да научам од ова., изјави Синер.

За неговиот настап во главниот град на Франција вели: „Ќе одлучиме како да ја третираме повредата. Нема да го допрам рекетот некое време и ќе играм во Париз само ако сум на сто проценти. Ако не сум на моето највисоко ниво, повторно ќе прескокнам. Не сакам да фрлам три години од мојата кариера, затоа што се запоставив себеси и своето тело“.

Со оглед на тоа дека ситуацијата изгледа посериозна од очекуваното, новинарите се интересираа за степенот на повредата.

-Не сакам да навлегувам во детали, но мислевме дека е едно, но работата е од сосема друга природа, заклучи младиот Италијанец


Администратор
06/05/2024 04:57