Вработените од Геријатрија не отстапуваат од барањето за повисока плата

Повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите без разлика кој на кое работно место е, промена на колективни договори, се барањата на здравствените работници од Јавната здравствена установа специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ во Скопје. Моменталните услови за работа се катастрофални во некои здравствени единици, а се бараат и нови вработувања, велат од независниот синдикат во 13 ноември.