Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години, така што оваа медитеранска земја има најголем животен век меѓу 27-те земји на Европската Унија, покажуваат најновите податоци на статистичкиот завод Eurostat.
Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло. Исто така, поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на што жителите поминуваат повеќе време на отворено занимавајќи се со физички активности.
„Во медитеранските земји многу се грижиме за нашиот социјален живот, па затоа излегуваме почесто од луѓето во нордиските земји, кои не надминуваат во однос на БДП по жител“, вели Мануел Ангвита, претседател на Шпанското здружение на кардиолози.
На второ и трето место се Италија, каде луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години. Просекот на Европската Унија е 81,5 години.