[ВИДЕО] Рецепт за аргентински ќебапи: Идеален ручек за целото семејство кој долго ќе го паметите

Точка

09/04/2024

16:07

10.690

Големина на фонт

а а а

Комплетен, а брз ручек е нешто што на сите ни треба, а доколку е и вкусен, нема грешка.

За многумина компирот и месото се омилена комбинација, а овој рецепт е комбинација и на едното и на другото.

Аргентинскиот ќебап е идеален предлог за ручек, а може да го послужите со сос којшто се прави многу едноставно.

Состојки:

- 350 грама мелено јунешко месо;
- 300 грама компири;
- 2 јајца;
- Сол и бибер;
- Малку сода бикарбона;
- 1 главица кромид;
- 5 чешниња лук;
- Слатка пиперка и лута;
- 4 лажици брашно;
- 100 грама презла;
- 2 лажици кисела павлака;
- Ловоров лист;
- Масло;
- Сок од лимони.

Подготовка:

Излупете го компирот и сварете го. Кога ќе се свари оставете да се излади, па изрендајте го на покрупно. Додадете го месото и 2 жолчки, сол, бибер и сода бикарбона.

Кромидот исчистете го и изрендајте го, а исто така и 3-те чешниња лук коишто треба да го згмечите. Додадете ги мелените пиперки. Смесата оставете ја половина час во фрижидер.

Со рака или лажица вадете од смесата, формирајте ќебапи, па прободете ги со стапче. Изматете ги белките, ќебапите ставете ги во брашното, белките, па во презла. Пржете ги во масло. Пржените ќебапи ставете ги на хартија да се исцедат.

Доколку не сакате, ќебапите не мора да ги похувате, вкусни се и само пржени.

Подготовка за сосот:

Измешајте павлака, мајонез, магдонос и ситно исечкан лук.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг