Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

ОН- фото: EPA

Седницата на која на дневен ред беше Резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај – повторно се одложи. Ова го потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија. Денеска бил испратен тексот на ревизија, и се чека дали земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот, пренесуваат медиумите во регионот.

„Генералното собрание ќе се одржи по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, што ќе го знаеме во вторник. Во оваа одлука учествуваше и мисијата на Босна и Херцеговина во ОН, со цел оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата, тие се отворени за понатамошни консултации“, рече Лагумџија.

Инаку српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Њујорк имал сериозни и важни разговори со претставници на бројни земји за резолуцијата за Сребреница и оцени дека „многу луѓе се свесни, како и да гласаат, дека тоа нема ништо за направи со правдата и меѓународното право, но со политиката и геополитичките односи“.

Вучиќ на новинарите во Њујорк им рече дека Германците биле „водачите“, односно оние кои ја воделе кампањата во ОН и надвор и ги убедувале дека треба да гласаат за резолуцијата – да гласаат за да останат во добри односи со светските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот