ВИДЕО | Публиката го поздрави со силни овации, Надал победнички се врати на терените

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го одигра својот прв меч по пауза од 103 дена и турнирот во Бризбејн. Италијанецот, Флавио Коболи немаше шанси и Надал славеше победа со 2:0 во сетови (6:2 и 6:3).

Во овој момент Надал е на 644. место на АТП листата, меѓутоа во Барселона игра со специјална покана како 11-кратен шампион. На теренот шпанскиот ветеран изгледаше одлично. Патот кон победата започна да го трасира по првите три гема кога во четвртиот ја искористи третата брејк-топка.

Со помали проблеми се соочи само во шестиот гем кога спаси четири брејк-топки. Во вториот сет на противникот му дозволи само два гема (6:2). За издвојување е и моментот кога пред почетокот на мечот публиката со силни овации го поздрави некогаш најдобриот тенисер во светот.

Вториот противник за Надал ќе биде посериозен предизвик бидејќи ќе игра против Алекс де Минор кој е 11-ти тенисер на АТП листата. Ќе потсетиме, на прес-конференцијата пред овој меч Надал најави дека ја игра својата последна сезона во кариерата.

Завршува една голема ера: Рафаел Надал заминува во пензија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот