ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.01.2023
87.5 милиони луѓе ќе бидат милионери до 2026 година
Автор: Goce Author

И покрај војната во Украина и инфлацијата ширум светот, бројот на милионери во светот ќе се зголемјува во следните години. Угледната швајцарска банка Credit Suisse предвидува дека бројот на милионери во значително ќе се зголеми во следните пет години.

Image by jcomp on Freepik

Се проценува дека до 2026 година во светот ќе има 87,5 милиони луѓе кои ќе имаат нешто помалку од еден милион евра или еден милион долари на својата банкарска сметка, пренесува Yahoo Finance.

Во извештајот на швајцарската банка се наведува дека во 2021 година во светот имало 62,5 милиони милионери. Бројот на милионери ќе продолжи да се зголемува, особено во растечките економии, а најмногу во Кина.

Најголем број милионери може да се очекуваат во САД, со зголемување на бројот на милионери за нешто помалку од три милиони. Вкупниот број во САД ќе биде околу 27,5 милиони до 2026 година.

На второ и трето место се Кина и Јапонија со околу 4,8 милиони милионери. Потоа следуваат Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Австралија, Италија и Јужна Кореја.

САД остануваат земја со најмногу милионери, се најавува раст во Кина

Извештајот на Credit Suisse проценува дека бројот на милионери во Индија, Хонг Конг и Африка ќе се удвои.

billionaires

Швајцарската банка, исто така, предвиде дека до 2026 година, приватното богатство ќе се зголеми за повеќе од една третина, на околу 169 трилиони долари, приближно 155 трилиони евра.

„И покрај инфлацијата и руско-украинската војна,глобалното богатство ќе продолжи да расте“, се вели во извештајот на Credit Suisse. Во него се предвидува дека вкупниот број на луѓе со имот поголем од 50 милиони долари ќе се зголеми.

Во првата половина од минатата година 500-те најбогати луѓе на Земјата изгубиле вкупно 1,4 трилиони долари.

Причината за ова, е што богатството на најбогатите зависи пред се од движењето на цените на акциите. Поголемиот дел од оваа година беше проследен со пад на цените на хартиите од вредност и акциите поради страв од рецесија и инфлацијата.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието