Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 91 возач.

Од МВР денеска информираа дека од нив 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Акциски сообраќајни контроли, најавија од МВР, продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
25/11/2022 09:43