Онколог советува: Ужина која треба да ја јадете повеќе пати дневно доколку сакате да го намалите ризикот од канцер

Точка

09/04/2024

10:37

5.944

Големина на фонт

а а а

Ужината е одличен начин да го нахраните телото меѓу поголемите оброци во текот на денот.

Всушност, грицките можат да помогнат и во намалување на ризикот од канцер.

Американскиот Институт за истражување на канцер и Советскиот фонд за истражување на канцер проценуваат дека меѓу 30 и 40 отсто од сите видови канцер можат да се спречат со правилна исхрана и вежбање.


Значи, многу зависи од она по што посегнуваме кога ќе огладнеме.

За среќа, онкологот Лори А. Алфонсе ја открила својата омилена ужина со која ја задоволува желбата за грицкање, а дури може да го намали и ризикот од канцер.

Кога д-р Алфонсе ќе посака да јаде попладневна ужина, посегнува по мешани јаткасти плодови. Неа омилени ѝ се бадемите, индиските ореви и ф’стаците.

„Овие грицки се одличен извор на протеини и го зголемуваат нивото на енергија во текот на попладневниот умор“, изjaвила таа за „Parade“.

Според студија од 2023 година јадењето 28 грама јаткасти плодови дневно (околу една дланка), поврзано е со намалувањето на смртноста од канцер за 21 отсто.

Тоа е така поради тоа што јаткастите плодови се одличен извор на биоактивни споеви кои помагаат во намалување на воспаленијата и спречуваат понатамошно настанување или размножување на клетките на канцер.


Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, растителни влакна, витамин Е и фолна киселина, сите нутриенти кои имаат клучна улога го превенција на канцер.

Кога во продавница купуваме јаткасти плодови д-р Алфонсе советува да ги бираме оние без дополнителни шеќери и соли. Доколку сакаме да додадеме малку вкус во своите јаткасти плодови, може да ги посипеме со различни зачини, како што се рузмарин, мајчина душица или куркума.




Спонзорирани линкови

Маркетинг