logo
logo
logo

Зоран Димитровски: Загрижен сум за Македонија, Владата води Анационални политики

Vecer | 17.02.2023

Зоран Димитровски: Загрижен сум за Македонија, Владата води Анационални политики

Зоран Димитровски - Жоро беше дел од утринската емисија на радио Лидер, "еспресо со Златев и Боцевски" и за првпат јавно ја коментираше моменталната ситуација во Македонија и неговото напуштање од Владата на република Македонија. За една од темите кои беше запрашан беше и моменталната ситуација помеѓу Македонија и Бугарија и поставеноста на нашата власт околу оваа проблематика и нејзината анемичност во овој проблем. Димитровски како еден од клучните проблеми го издвои и она што ќе се случува доколку Бугарите влезат во уставот на Македонија и како тоа Бугарската држава злобно ќе го искористи
Загрижен сум за иднината на Македонија поради анационалните политика на Владата, тек допрва следи етнички инженеринг бидејќи доколку Владата на Македонија продолжи вака Бугарската држава ќе продолжи да создава Бугари во Македонија. Позиционирањето на бугарското малцинство во Македонија не е само тие да ги добијат основните културни права и тука да заврши целата приказна, сега можеме да видиме како дури и албанци формираат бугарски културни клубови. Сето тоа значи дека со тоа се прави со пари, утре кога ќе станат дел од уставот, луѓето ќе започнат да се пишуваат за Бугари само за да добијат работно место и да ги искористат дупките во нашиот устав, сето тоа ќе предизвика вештачко менување на етничката карта во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk