Свет

Канада: Претставен е алкохолниот пијалак 7Up RTD

20 мар 2024

Канадската подружница на „АБ Инбев“, „Лабат бревериес“ и „Пепсико“ ја лансираа алкохолната RTD верзија на 7Up.

Новиот RTD пијалак го комбинира вкусот на познатиот сок, со О шеќер и 7% алкохол.

 Оваа иновација доаѓа во моментот кога во САД во последните две години во категоријата на RTD  дојде до раст од 104 отсто. Покрај тоа, истражувањето покажало дека поголемиот број (84%) од оние кои пијат RTD , бараат од брендовите кои не постојат во категоријата алкохол.

Побарувачката на купувачите за врвни RTD производи е неспорна, така што иновациите со кои би се задоволиле желбите на Канаѓаните истовремено ни се приоритет но и возбудлива можност за раст на „Лабат“. Возбудени сме што со ова лансирање ќе направиме промена во категоријата, користејќи го препознатливиот вкус кој потрошувачите го сакаат и го знаат, изјави Мајк Д’агности, директор во „Лабат бревериес“.

Стручноста на „Лабат“ во областа на алкохолни пијалаци е главната причина зошто сме возбудени што ја надградуваме нашата долгогодишна соработка и иновацијата во еден од нашите најомилени вкусови. Со тоа правиме канадските потрошувачи да имаат уште еден избро кога е во прашање опцијата  RTD ,изјави Лаура Греј, директорка за иновации во „Пепскио бевереџис “ – Канада.

 Извор: Foodbev

Фото: „Лабат“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...