-->
-->
Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето, јавија јапонските медиуми
-->
Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба, при што загина најмалку едно од осумте лица во нив, јавија агенциите, цитирајќи јапонски медиуми.
Хеликоптерите SH-60 синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на централна Јапонија, наведуваат јапонските медиуми.
Потрагата по исчезнатите членови на екипажот на авионот продолжува. Јапонскиот министер за одбрана Кихара Минору на прес-конференција рече дека двата хеликоптери најверојатно се судриле.
Американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел, на социјалната мрежа Икс објави дека Јапонија може да смета на САД во спроведувањето на операцијата за потрага по исчезнатите лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска