Парламентарни избори 2024: ТВ 24 во изборна единица 3

“Белата чума” продолжува да ја десеткува нацијата. Источниот Регион е еден од осумте статистички региони на Македонија, кој се наоѓа во источниот дел на државата и вклучува 11 општини.

Екипата на ТВ 24 направи обиколка токму во центарот на истокот. И покрај нашите обиди за анкетирање на помлада популација, сепак сретнавме само повозрасни жители, кои пред нашата камера меѓу другото посочија дека подмладокот си заминал, барајќи ја среќата низ светот.

Бројот на лица кои ја напуштаат Македонија и се иселуваат зема замав. Освен пандемиската 2020 година, кога има значително помалку лица кои заминале, од 2021та па наваму бројот на граѓани кои заминуваат не стивнува. Податоците покажуваат дека семејства со деца на возраст до 10 години најмасовно заминуваат од државата. Бројките исто така покажуваат дека најголем дел од децата кои ги напуштаат училишните клупи, тоа го прават поради преселба на семејството во странство.

Драгана Митровиќ ДИНА, Програмски координатор во Национална мрежа “Сојуз за младинска работа“

ТВ 24 интервјуираше и млад, амбициозен штипјанец кој пред нашата камера ги посочи навидум едноставните, а сепак доволно големи проблеми со кои се соочува речиси секој млад човек на истокот. 

Агонија и во текстилниот сектор. Се намалува бројот на договори со нарачателите, паѓа обемот на производството, а се ситни и бројката на текстилните работници.

Иселувањето, недостигот од млади земјоделци, скапите материјали, недостигот од доследна стратегија за поддршка на земјоделството се дел од причините поради кои во континуитет се намалуваат и земјоделските површини што се обработуваат во овој дел од државата.

И покрај тоа што пописот во 2021 вата покажа дека Македонија има 1,83 милиони жители, 185 илјади помалку од претходниот попис во 2002та, прашањето кое сега се наметнува е каде да се отворат градинки, а каде старечки домови. Дали во некој град има доволно работници за да се отвори нова фабрика?!