Анчелоти пред Баерн: Малкумина од новинарите веруваа дека ќе го одржам овој прес

Карло Анчелоти/фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“ – изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на почетокот на прес-конференцијата на која го најави првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен кој е закажан за вторник од 21.00 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен. Потоа следеа прашања од новинарите.

Пред 10 години славевте со 4:0 на „Алијанц Арена“.

– Минатото останува во нашите убави спомени, но утре ќе биде друга приказна. Тоа ќе биде прв натпревар од полуфиналето. Сигурни сме, но играме против силен противник. Пред сè, среќни сме што сме тука, и се надеваме дека повторно ќе играме во финалето. Чекаме 180 минути, а не 90.

Споредба помеѓу Реал и Баерн?

– Тие се силни во транзицијата и имаат многу брзи играчи. Можат да играат на многу начини. Двата тима се такви што немаат јасен идентитет, но можат да играат фудбал во зависност од потребата во тој момент.

Мислите дека не го ценат доволно Реал во ЛШ?

– Реал никогаш не е потценет во ова натпреварување. Секој знае што може да направи. Чувствуваме голема почит која доаѓа од сите во конкуренцијата.

Дали сте фаворити?

– Имаме голема самодоверба, но и почит кон Баерн. Тие немаат одлична сезона во Бундеслигата, но одиграа спектакуларен двомеч против Арсенал. Тие се силен тим во Европа. Мора да ја земеме предвид историјата на клубовите во Лигата на шампионите, тоа исто нешто значи – се зборовите на Анчелоти.

Тухел пред Реал Мадрид: Ќе донесеме некои важни одлуки во последен момент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот