РФМ: Во продажба билетите за мундијалскиот бараж Македонија – Фарски Острови

фото: РФМ

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација во баражот против селекцијата Фарски Острови ќе брка пласман на Светското првенство кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар ќе се игра на 8 мај 2024 година ќе го игра на гости на 8 мај во Торшавн, а возвратниот дуел е четири дена подоцна на 12 мај со почеток од 19.00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги известува љубителите на ракометот за реванш мечот во Скопје дека од денеска почна продажбата на влезници онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а можат да се купат бичети и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари.

Продажна мрежа – МК Тикетс

Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Diamond Mall
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае

Велес:
• Унисон

Прилеп:
• ТА Бран

Куманово:
• Тобако Агора

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Охрид:
• ТА Вис Пој

Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers

Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари

Штип:
• Сити Тобако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот