02 Мај, 2024
0.0294

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Објавено во: Македонија 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција ја праша министерката за култура Бисера Стојчевска Костадиновска врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Арсовска одржа пред-конференција по повод пожарот во салата, каде што се осврна на изјавите на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“ што ја врши реконструкцијата, а беа дадени дента кога се случи пожарот. Таа рече дека пожарот се случил само еден месец откако Министерството за култура ги превзело надлежностите над овој репрезентативен објект од Град Скопје.

Градоначалничката рече дека Град Скопје како сопственик не бил информиран за отпочнување на градежните активности, за кои зборува Костадиновска и праша, според изјавите на министерката, каде, кога и од кого е осигуран проектот, на која вредност и за кој случај на настанување на штета.

Искоментира и дека во оваа држава старите кабли се причина за сите пожари, по изјавата на Арсовски дека можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, истовремено прашувајќи од каде произлегле таквите сознанија.

Меѓудругото, Град Скопје побара и одговор зошто ако министерката осознала пред 9 часот за пожарот истото не го пријавила. Зошто работниците кои се обиделе самите да го гаснат пожарот не побарале помош, до оглед на тоа што во противпожарната бригада бил пријавен  дури во 9.50 од случаен минувач. Град Скопје бара одговор и каде избил пожарот, односно каде работниците почнале да го гаснат.

Одговор побара и на прашањето кој е управителот на градба во моментот на опожарување, врз основа на кој докумет или кој проект, како и кој е надзор на градба во моментот на опожарувањето. Таа потсети дека по преземањето на функцијата, Град Скопје предупредил дека проектот не обезбедува безбедна изградба,.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање