
Во првите недели на своето владеење Доналд Трамп го потресе светот со низа одлуки и извршни наредби кои имаат реперкусии насекаде во светот. Ова го покажува влијанието на американската политика во многу региони. Македонските невладини организации и дел од медиумите беа погодени од извршната наредба за прекин на финансирањето. Со таа една единствена одлука, САД од најголем светски донатор, се претвори во светска сила која ќе има помал удел во донациите од Европската Унија. Одлуката на САД да ги замрзне донациите поврзани со USAID значително ќе влијае на глобалната помош, имајќи предвид дека до 2024 година USAID беше најголемиот донатор во светот. САД претходно покриваа 42% од целата хуманитарна помош следена од ОН.
Покрај ова Трамп донесе и низа одлуки кои, за многумина беа контроверзни, а за некои пак имаат улога да ја изедначат меѓународната позиција на САД во светот. Интересно е тоа што САД, иако се една од највлијателните земји во светот, моменталната администрација ја гледа како жртва не меѓународните односи.
Во првите денови од неговиот втор мандат, Доналд Трамп донесе неколку извршни одлуки кои можат директно или индиректно да влијаат на младите Американци. Некои од најзначајните одлуки вклучуваат:
Економија и енергија – Трамп прогласи национална енергетска вонредна состојба, што може да доведе до намалување на еколошките регулативи за енергетските компании. Ова може да значи намалени трошоци за енергија, но и намалени работни места во обновливите извори на енергија, што влијае на младите кои студираат или работат во оваа индустрија.
Федерално вработување – Воведена е забрана за нови вработувања во федералниот сектор, освен за есенцијални позиции. Ова може да ги намали можностите за млади професионалци кои сакаат кариера во јавната администрација.
Даночни политики – Трамп одлучи да се повлече од Глобалниот даночен договор на ОЕЦД, што може да ја намали даночната обврска за американските компании. Ова може да доведе до подобри економски можности за младите претприемачи, но и до намалени средства за јавни услуги како образование и здравство.
Помалку можности за студирање и работа во САД – Намалувањето на федералните работни места и потенцијалните промени во имиграциските политики може да го ограничи пристапот на македонските студенти и млади професионалци до образовни и работни можности во САД.
Ефект врз економијата – Ако американските компании добијат даночни олеснувања, тие можат да повлечат инвестиции од други земји, што може да го намали економскиот интерес за соработка со Македонија.
Климатски промени – Повлекувањето од климатските регулативи може индиректно да влијае врз глобалните климатски политики, што може да има долгорочни последици врз животната средина, вклучително и на Балканот.