Досега, Roadster веќе има поминато повеќе од четири милијарди километри во вселената

На 6 февруари 2018 година, SpaceX лансираше Tesla Roadster и манекен, наречен Starman, во вселената со својата ракета Falcon Heavy. Знаете дека и двете компании се поврзани со Илон Маск, па беше полесно да се реализира овој потфат. Поминаа пет години од лансирањето, па добро е да се провери каде се наоѓа ова дуо вселенски патници.

Според веб-страницата whereisroadster.com, која ги следи товарите од лансирањето, Roadster патува во елипсовидна орбита која се приближува до орбитата на Земјата и оди сè до орбитата на Марс. На петгодишнината од своето лансирање во понеделникот, родстерот на Tesla ја пресекол орбитата на Марс, но планетата не била во непосредна близина бидејќи во тоа време била од другата страна на Сонцето. NASA објави дека автомобилот и „Starman“ ќе се приближат до Марс во 2035 година, а во 2047 и 2050 година ќе се приближат до Земјата. Досега, Roadster веќе има поминато повеќе од четири милијарди километри во вселената. Тоа е 70.000 пати повеќе од растојанието што го покрива гаранцијата на Tesla и е еквивалентно на возење по сите светски патишта 63 пати, според порталот кој ги следи патувањата на овие „вселенски патници“.

Starman на ова епско патување беше испратен Space Oddity на Дејвид Боуви која тогаш се слушала од аудио системот на родстерот на Tesla. Вселената е грубо место за патување, па ако се прашувате што останало од автомобилот, ова се претпоставките… Сите материјали како кожа, гума или боја се распаднати, поради изложеноста на екстремно зрачење. Музиката не свири веќе долго време. Научниците сметаат дека од автомобилот останала само алуминиумската рамка. Некои проценуваат дека дури и ќе падне на Земјата, но за неколку милиони години…