Instagram најави голема промена.
Компанијата објави дека голотијата во пораките ќе биде заматена со цел да се заштитат тинејџерите. Тоа е дел од кампањата за борба против сексуалната измама и злоупотребата на слики.
Сексуалната изнуда вклучува убедување лице да прати експлицитни фотографии на интернет, проследено со закани дека ќе ги објави сликите освен ако жртвата не плати пари или не обезбеди сексуални услуги.
Instagram соопшти дека измамниците често бараат разголени фотографии преку пораки, а за да се изборат со тоа, најавија дека наскоро ќе почнат да тестираат функција која ги замаглува сите фотографии со голотија, пишува Guardian.
„Оваа функција е дизајнирана не само за да ги спречи корисниците да гледаат несакана голотија во нивните пораки, туку и да ги заштити корисниците од измамници“, соопшти Instagram.
Функцијата стандардно ќе биде вклучена на глобално ниво за тинејџери под 18 години. Возрасните корисници ќе добијат известување кое ги поттикнува да го активираат. Сликите со голотија ќе бидат замаглени со предупредување, со што корисниците ќе имаат можност да ги видат. Ќе добие и опција за блокирање испраќачи и пријавување разговори.