Адеми за ТВ 24: Најмногу внимание треба да се обрне на развој на дигитализацијата и ИТ секторот

Економистот Висар Адеми во емисијата 24 анализа рече дека генерално ВМРО-ДПМНЕ како деснорјентирана партија, целиот економски раст го поврзува со зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, односно странските инвестиции.

-  Помагањето на извозно орјентирани компании кои ќе имаат домино ефект во самата економија, преку носење на свежи пари и работни позиции, што е добро за економијата. такви политики ќе донесат многу работни места и нема да се осврнуваме само на вработување во јавната администрација. Приватен сектор се домашните истранските инвестиции, пред се, на помагање на ИТ секторот. Во делот на дигитализацијата и автоматизација на некои процеси кои кај нас се важни зошто се дополнителни трошоци во приватниот сектори го обременуваат буџетот на една компанија. - рече Адеми.