[ФОТО] Џеј Ло деновиве не ги соблекува најмодерните пролетни фармерки кои изгледаат неодоливо кул: Ја издолжуваат фигурата и даваат урбан, атрактивен печат на речиси секоја комбинација

Точка

08/04/2024

18:34

14.095

Големина на фонт

а а а

Папараците ја „уловиле“ Џеј Ло на улиците во Њујорк, а латино дивата била впечатливо облечена, како што тоа неретко се случува. Ретки се моментите кога не е дотерана – пејачката инсистира на ефективни изданија и во вообичаени денови, кога не настапува или не позира на црвениот тепих.

Овој пат Џенифер Лопез се одлучила за урбано, тренди издание со примеси на елеганција. Таа носела долг, моќен капут во темна боја, под кој се „криела“ едноставна, но атрактивна комбинација – фармерки и тегет ролка.


Стајлингот го комплетирала со светлосина „Chanel“ чанта и чизми во истата нијанса, но она што западнало во очи на модните критичари е посебен модел на фармерки кој го избрала славната 54-годишна пејачка.

Лопез се одлучила за „baggy jeans“, но со широки ѕвонести ногавици и малку понизок струк.

Опуштените, полежерни кроеви на фармерките се актуелни трета сезона по ред – тие се практично ултимативен тренд, но уште еден подтренд се искристализирал, а Џенифер долго време инсистирала на него.


Тоа се широките ногавици, а Џеј Ло е позната како голем љубител на овој модел на фармерки. Ги носи со години, дури и кога не биле претерано модерни, но сега кога се на врвот на популарноста, практично не ги соблекува. Со оглед на тоа што овој модел, кога се носи со високи потпетици неверојатно ја издолжуваат фигурата, не сме изненадени што деминутивната пејачка со задоволство ги носи.

Таа во саботата вечер била излезена со своите пријателки токму во овие фармерки – широки, од средно темен тексас со благо измиени, но многу широки ногавици. Ги носела со крем ролка од трикотажа и карирано палто во светло кафена боја, како и поголема металик чанта.


Замислете потесен модел на фармерки во ова издание – не би изгледало толку впечатливо – зар не?




Спонзорирани линкови

Маркетинг