Битолчанец тешко повреден откако излетал на автопатот Скопје-Велес

Тешко повреден 63-годишен битолчанец во сообраќајка што се случила вчера попладне. 

- На 01.04.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на место „Бадар“, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.