Цената на дизелот се намалува за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 1.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,027%, кај дизелот за 4,547%, кај екстра лесното масло за 3,844% и кај мазутот зголемување за 0,892%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,018%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 4.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,346 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер