• Саше Љолес

Поранешниот шпански репрезентативец, Раул Албиол, изјави дека нема намера да се пензионира по истекот на сезоната, без оглед на фактот што веќе има полни 39 години.
Албиол беше играч на Валенсија, Реал Мадрид, Гетафе и Наполи, а последниве шест сезони е дел од шпанскиот Виљареал, каде воедно е капитен на тимот и сезонава досега запиша шеснаесет настапи.
„Мојот договор истекува летово, но се чувствувам одлично и сакам да одиграм барем уште две сезони. Не знам какви се плановите на клубот, јас немам ништо против да останам тука. Секако, постојат и други опции, но во моментов сум пререќен во Виљареал“, рече Албиол.
Шпанскиот дефанзивец во септември ќе наполни 40 години, но и покрај возраста, нема намера да се откаже од активното играње. За неговите услуги исто така постои интерес од Саудиска Арабија и Катар.