ВИДЕО Рибар на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми.

Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт, кој од езерските води извлече коран тежок 13 килограми и 200 грама, што според објавата на Explore Pogradec Albania е најголемата ваква риба уловена од овој дел на езерото.

Охридска пастрмка (Salmo letnica) е ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на семејството пастрмки. Неколку локални називи и подврсти се летница-летна форма, зимска форма во која како подврсти се струшката и охридската, а како посебна подврста е охридската пастрмка-Белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 сантиметри, со тежина до 15,8 килограми. Зимската подврста се мрести од декември до февруари, додека летната форма околу август.

извор: ОхридПрес фото/видео: Explore Pogradec Albania

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното