Колку имате среќа во животот, според хороскопот?

Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понудат бесплатен пијалак, некој да ви го отстапи своето место да седнете, да ве пропушти во ред додека чекате на каса - вистинска среќа.

kolku-imate-srekja-vo-zhivotot-spored-horoskopot-01.jpg

Дали во животот ве следи среќата или мора да се помачите за да ги добиете работите што ги сакате? Дали понекогаш знаете да се запрашате „колку сум среќен/а?“ кога размислувате за животот?

Среќата може да се појави во различни форми. Некогаш е среќа да најдете место за паркирање на преполн паркинг, некогаш да добиете на лото...

Секој поинаку ја толкува среќата и на поинаков начин ја гледа.

Колку сте вие среќни во животот? И знаете ли како хороскопот и вашиот знак влијаат на вашата среќа?

Овен

Сами ја создавате својата среќа.

Вие не сакате да зависите од никого, па се трудите самите да стигнете до работите што ќе ви донесат задоволство или што ќе ве усреќат.

Нема да се буните ако некои работи „ви дојдат на тацна“, но немате преголеми очекувања дека тукутака ќе ви се посреќи.

Бик

Не верувате многу во среќа, бидејќи според вашето искуство, среќата што ве следи е почесто лоша отколку добра.

Затоа, ако сакате да бидете среќни во љубовта, животот, на работното место - сами си го создавате патот по кој чекорите и сами ја ковате сопствената среќа.

Близнаци

Одамна знаете дека не треба да се потпирате на среќата, туку на своите способности.

Иако сте еден од најсреќните знаци во хороскопот, вие верувате дека имате среќа во животот само затоа што многу се трудите да ги добиете работите што ги сакате.

Никогаш не припишувате ништо на чиста среќа.

Рак

Родени сте под среќна ѕвезда, иако не можете секогаш да го видите тоа.

Многу често ви се случуваат работи токму како што сте ги замислиле, а не сте направиле ништо посебно за да биде по ваше.

Вие сте од оние луѓе кои ќе го изберат најбрзиот ред на граница, или кои ќе најдат пари на земја иако некои други луѓе веќе ги одминале.

Лав

Што и да допрете се претвора во злато, што значи дека сте најверојатно хороскопскиот знак кој има најмногу среќа во Зодијакот.

Дури и кога ќе почне да ве следи лоша среќа, вие ќе најдете начин да ја претворите во нешто позитивно и да го извлечете најдоброто од ситуацијата.

Девица

Никогаш не сакате да зависите од среќата, бидејќи сметате дека не сте голем среќлија.

За секој успех во животот се потпирате само на себе, своето знаење и умешност, а не на чистата среќа.

И иако вие можеби не мислите дека сте среќни, луѓето околу вас често ви кажуваат дека се среќни што ве познаваат и што сте дел од нивниот живот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg