Претседателот на Франција го најави трансферот на Мбапе

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Како домаќин на Олимписките игри, Франција е една од 16. репрезентации кои ќе настапат на фудбалскиот турнир во Париз.

На Олимписките игри вообичаено настапуваат У-23 репрезентациите, но селекциите имаат право во својот став да имаат и тројца повозрасни фудбалери. Претседателот на Франција, Емануел Макрон така изрази желба, Килијан Мбапе да ја предводи Франција на овој турнир.

Покрај надежта дека ќе настапи на олимпискиот турнир, Макрон го најави и трансферот на Мбапе.

„Мбапе на Олимписките игри? Се надевам. Во секој го ставам притисокот на неговиот т.н иден клуб“, ја пренесуваат француските медиуми изјавата на Макрон.

Макрон претходно зборуваше дека низ разговорите со таткото на Мбапе заклучил дека тој сака да игра на Олимписките игри, но ако биде член на Реал Мадрид тоа веројатно нема да биде можно. Имено, Реал не ги пушта своите фудбалери во репрезентациите во термините кои се надвор од ФИФА, а во таков термин се и Олимписките игри (24. јули – 9. август).

Станува збор за период од десет дена по Европското првенство и непосредно пред почетокот на новата сезона во клупскиот фудбал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот