Дачиќ: Разговорите за новата српска влада сѐ уште не се почнати, подготвени сме за соработка со СНС

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ изјави дека партијата е подготвена да ја продолжи соработката со Српската напредна партија (СНС) на преседателот Александар Вучиќ, како и дека разговорите за новата влада на Србија сѐ уште не се започнати, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ за денешна „Политика“ изјави дека СПС е подготвена да ја продолжат соработката со СНС и дека единственото прашање му е како најдобро може да помогне, бидејќи, како што наведе, СНС освоила најголем број гласови на неодамна одржаните парламентарни избори.

Исто така, тој рече дека тоа не е ништо ново и дека (СПС и СНС) имале многу добра соработка во изминатите десет години.

„Тие резултати беа многу добри и логично е, согласно нашите заеднички цели, да ја продолжиме соработката кога е во прашање парламентот и новата влада на Србија“, рече Дачиќ.

Тој, исто така, кажа дека тие разговори сѐ уште не се започнати и додаде дека „не е виновен претседателот (на Србија и на СНС Александар) Вучиќ зошто досега не е конституиран новиот српски парламент, бидејќи изборите во Велики Трновац се повторуваат петпати“.

По претседатеските, парламентарните и изборите за град Белград во април годинава, досега парламентот во Србија сѐ уште не е конституиран поради повторување на изборите во Велики Трновац, а СПС и СНС формираа коалициона соработка за градот Белград, врз база на која беше избран Александар Шапиќ (СНС) за нов градоначалник на главниот град на Србија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот