Македонија
1. May 2024 - 12:45

Македонија го чека Палевски

Министерството за внатрешни  работи се подготвува да го екстрадира Палевски од Турција, информира министерот Тошковски. Интензивно се разговарало со турската полиција за трансферот, но нема прецизирано време кога ќе се реализира екстрадицијата. Според првиот човек на полицијата, тоа ќе направи во најкраток рок.

Министерството за правда вчера информираше дека Турција дозволила да се ектрадира Палевски. Веста ја сподели Лога, а на инфомрацијата и даде и политичка конотација.

„Почитувани граѓани и непочитуван г. Ковачки,

Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.

Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, напиша на Фејсбук Кренар Лога, Министер за правда.

Од обвинителството велат дека веднаш штом Палевски пристигне во земјава ќе биде пренесен во затворот Шутка бидејќи веќе му е одреден притвор.

Љупчо Палевски е првоосмоничен за убиството на 14 годишната Вања од Скопје и 74 годишниот велешанец Панче Жежеовски. За убиството, осомничени се уште три лица кои се во притвор, а за случајот обвинителството го гони и таткото на Вања како осомничен за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Од минатата недела, со одлука на Врховниот суд, Ѓорчевски е во куќен притвор.