Имате рок на жалба, но краток: Нема повеќе јадење сладолед и пица по полноќ во Милано?

Фото: Wikimedia Commons

По неуспешниот обид во 2013 година, Милано повторно се обидува да ја прекине продажбата на сладолед, пица и храна ноќе – а локалната власт предлага нов закон кој би можел да стапи на сила следниот месец.

Милано предлага нов закон за забрана на продажба на сладолед по полноќ во обид да се заштити „мирот“ на жителите на градот.

За многумина, сладоледот доцна во ноќта е дел од италијанската култура, но тоа е во спротивност со новиот закон што го воведува градот.

Градската локална самоуправа поднесе предлог-закон, а доколку биде усвоен, продажбата на сладолед по полноќ може да биде забранета следниот месец.

Покривајќи 12 области, предлогот ќе ја забрани продажбата на сета храна за понесување, вклучително и пица и пијалаци по полноќ, во обид да се спречат бучните групи што се собираат на улиците на италијанскиот град, држејќи ги локалните жители будни.

Марко Гранели, заменик градоначалник, рече дека целта е да се најде баланс меѓу дружењето и забавата, но и мирот и спокојството на жителите. Предлогот ќе биде во сила од „средината на мај“ и ќе трае до ноември.

Забраната би започнала во 12:30 по полноќ во работните денови и во 1:30 часот за време на викендите и државните празници и би се однесувала на надворешните тераси и бавчи само во обид да се расчистат улиците.

Граѓаните имаат рок до почетокот на мај да се жалат и да предложат измени на законот, пишува „Скај њус“.

Предлогот би се применувал во следните области: Ноло, Лазарето, Мелцо, Исола, Сарпи, Виа Цезариано, Арко дела Пејс, Комо-ГаеАуленти, Порта Гарибалди, Брера, Тичинезе и Дарсена-Навигли.

Меѓутоа, ова не е првпат Милано да се обиде да ја забрани продажбата на сладолед по полноќ.

Во 2013 година, тогашниот градоначалник Џулијано Писапија се обиде да спроведе слични мерки, но не успеа по жестоките реакции, вклучително и извештајот на движењето „окупирај го џелато“.

По повлекувањето, градоначалникот рече дека луѓето можат да јадат сладолед и дење и ноќе, каде сакаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот