ДУИ: Таравари нека започне да затвора игри на среќа во Чаир, Меџити беше против Законот

ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

Претседателскиот кандидат на опозицијата, Арбен Таравари, изгледа почнал да се подбива со граѓаните, кога ветува нешто за што беа против неговите коалициски партнери.Таравари деновиве изјави дека „опозициската коалиција веднаш и целосно ќе го забрани коцкањето во Македонија“, соопштија од ДУИ

„Демократската унија за интеграција и Европски фронт го потсетува Таравари дека оние што го блокираа Законот за игрите на среќа во собраниските комисии, а потоа не гласаа во Собранието, се токму пратениците од опозицијата, кои заедно со нивните газди, ВМРО и Левица, ја бојкотираа собраниската седница.Истовремено, бараме Таравари, доколку сака да го забрани коцкањето, да почне со казината и обложувалниците во општина Чаир, поточно на стадионот на Чаир, од каде што неговиот коалициски партнер добива огромни кирии. ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат граѓаните дека на почетокот на следниот мандат ќе се изгласа Законот и ќе се дислоцираат коцкарниците од јавните објекти“, се вели во партиското седиште на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот